684
Фенербахче славеше против Андерлехт со 3-0 во рамките на првиот меч од нокаут фазата во Лигата на Европа.
Еден од стрелците беше Един Џеко, а цената на тој меч ја плати со скршеница на раката. Според информациите од Турција, веројатно до скршеница дојде во моментот кога соиграчот Филип Костиќ за време на славјето силно го удри Џеко во знак на поздрав.
Босанскиот напаѓач се очекува да ја одложи операцијата на шаката за налето, а сезоната ќе ја доигра со посебна лонгета.
Filip Kostic, gol sevinci sırasında Edin Dzeko’nun elini kırıyor.
— Fener Ajans
pic.twitter.com/wisuVZKlXO(@ajansfenercom) February 14, 2025