Софистициран математички модел најавува нешто повеќе од титула за Ливерпул, но разочарување за Манчестер јунајтед

by
2 минути читање

Еден напреден
статистички модел, креиран од професор по математика на универзитетот во
Колумбија, ги донесе бројките од актуелната сезона во Премиерлигата, односно
даде увид за тоа како би завршила сезоната во најсилниот фудбалски шампионат на
Островот.

Премиерлигата е
суспендирана до 3 април, барем најмалку до тој период, постојат низа
неизвесности за тоа како ќе биде финиширана сезоната, а многу варијанти се
земени во предвид, за кои допрва ќе се одлучува.

И покрај големата
предност во бодовите во однос на своите ривали, Ливерпул е на само две победи
до титулата, меѓутоа постои неизвесност околу Челси, Манчестер јунајтед, Шефилд
Јунајтед и Вулверхемптон кои се борат за излез во Европа идната сезона, а
неизвесност постои и во долниот дел од табелата, за тоа кој ќе избори опстанок
во елитата, а кој ќе биде префрлен во понизок ранг, односно Чемпионшип
дивизијата.

Во период кога се
дискутира околу можните сценарија, високо напредната математичка формула, инаку
користена и од ФИФА веќе го постави изгледот на табелата, а на Островот не
кријат дека во овој случај фановите на Ливерпул на крајот ќе бидат среќни,
доколку се остварат најавите.

Впрочем, со девет
гола до крајот на првенството, табелата во Премиерлигата практично би останала
иста како што е во моментов, а професорот Жулиен Гујон ги објави своите резултати
во „Тајмс“, во кои се гледа дека составот на Јирген Клоп ќе ја надмине бројката
од 100 бода сезонава и ќе заврши со вкупно 106, а со тоа ќе заврши
долгогодишното чекање кај фановите на „Редсите“ за титулата на Островот.

 Во математичкиот модел според кој се води
истиот, се зема во предвид квалитетот на опонентите против кои треба да се
игра, како и бројот на натпревари дома/гости, а тоа наведува дека моменталната
ситуација на табелата е најкоректниот финиш на сезоната.

Што се однесува
до тој модел, „Дејли Мејл“ потсетува дека истиот е инспириран од
пресметувачкиот модел „Ело“, кој беше воведен од физичарот Арпад Ело во 1960
година за да се рангираат натпреварувачите во шах, а сега истиот се користи и
од страна на ФИФА во рангирањето на машките и женски национални тимови.

Математиките од
овој модел не им одат во прилог на Норич, Астон Вила и Борнмут, токму овие три
екипи во едно вакво сценарио би биле префрлени во понизок ранг идната сезона.

Во однос на
битката за влез во топ четирите екипи, практично ништо не би се сменило,
Манчестер јунајтед и покрај одличната форма, не му се даваат гаранции за такво
нешто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×