Шведски
Остерсундс е едно од најпријатните изненадувања во плејоф рундата од
квалификациите за Лига Европа, откако со вкупен резултат од 3-3, но и гол на
гости го елиминираше грчки ПАОК, па во Турција на шега прокоментираа дека ако дојде до судир со Вардар во групите од Лига Европа, во Турција ќе имаат можност да проследат дерби од светски размери.
Меѓудругото, на социјалните мрежи во Турција може да се забележи и гневот на фановите на Фенербахче кон управата на клубот, од која се бара одговорност за поразот од Вардар.
„Доколку се
сретнат Остерсундс и Вардар, можеме да гледаме дерби од светска класа“ пишува во една од објавите на социјалните мрежи во Турција.
„Ајфон 7 за сите
фудбалери, ајде да гласаме… Честитки Вардар“
„Во минатото
навивачите на Фенербахче не одеа на работа за да не пропуштат меч на својот
омилен клуб, сега тие се крајно вознемирени, нема пат до Фенербахче. УПРАВА
ЧЕКАМЕ ОДГОВОРНОСТ“
„По заминувањето
на Алекс и Емре ова е капитенот на катаклизмата, ова е тоа што го дочекавме од
нашиот клуб… УПРАВА ЧЕКАМЕ ОДГОВОРНОСТ“