Собослаи за голот на вечерта во Лигата на шампионите: Си ја завршив домашната задача

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул вчера славеа победа од 3-0 на гостувањето кај Олимпик Марсеј, а натпреваротт го одбележа мајсторскиот погодок на Доминик Собослаи.

Унгарскиот фудбалер во првата минута од судиското продолжение шутна под живиот ѕид, а бидејќи ниту еден од играчите на Марсеј не легна зад ѕидот, нешто што стана пракса во модерниот фудбал, топката мина под фудбалерите кои го бранеа голот и заврши во мрежата. Трикот успеа.

По натпреварот, Собослаи со насмевка изјави дека си ја „завршил домашната задача“.

„Ја завршив домашната задача. Ми беше кажано дека ако никој не легне зад ѕидот, треба да шутирам под него. Никој не легна, се обидов и успеа“, изјави Унгареецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×