Собослаи со мајсторски гол од слободен удар му донесе победа на Ливерпул во големото дерби! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ливерпул со 1-0 го победи Арсенал во дербито меѓу двата најголеми фаворити за титулата во Премиер лигата, херој на црвените беше Собослаи.

Се играше борбено, но без многу идеални шанси за гол. Во првото полувреме подобар беше Арсенал, но од почетокот на второто полувреме Ливерпул беше поактивен.

Клучниот момент се случи во 83. минута кога Собослаи погоди од слободен удар од голема далечина. Унгарецот совршено шутираше, Раја беше немоќен.

До крајот на мечот Арсенал со сите сили се обидуваше да го изедначи резултатот, но не успеа во тоа. На крајот Ливерпул се радуваше на заслужен триумф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×