334
Соблекувалната на Англија била изненадена од одлуката Џек Грилиш да биде изоставен од финалниот список за Европското првенство, еден од постарите репрезентативци дури побарал состанок со селекторот Герет Саутгејт.
Англија денеска шкртна седум фудбалери од поширокиот список, а најзвучното име кое отпадна од финалниот состав за ЕВРО 2024 е Џек Грилиш.
Соблекувалната на „Трите лава“ била изненадена од ваквиот развој на настаните.
Се говори дека еден од постарите репрезентативци побарал состанок со селекторот Герет Саутгејт и сакал да добие објаснување зошто Џек Грилиш е испратен дома.
Исто така се пишува дека самиот Џек Грилиш бил вознемирен и шокиран поради тоа што нема да оди на Европското првенство во Германија.