Со уште еден пораз во Скопје заврши европското лето за Работнички

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Работнички беа далеку и не успеаа да приредат изненадување во реваншот против белорускиот Торпедо Белаз и со нов пораз од 0-1, вечерва на „Тодор Проески“ во Скопје, ја завршија европската авантура уште во првото квалификациско коло за Конференциската лига.

По убедливите 0-3 во првиот натпревар во Унгарија,, надежите на „романтичарите“ за пресврт беа повеќе теоретски отколку реални, а на теренот тоа и се потврди. Белорусите беа доминантни од самиот старт, ја диктираа играта и со голот на Алфред уште во 14. минута го решија прашањето на победникот и во реваншот.

За дебармаалци ова беше прв настап на европската сцена по седум години пауза. Пред настапот ова лето Последниот европски двомеч Работнички го одигра во 2018 година противХонвед, во рамките од квалификациите за Лига Европа. За жал, камбекот на меѓународната сцена траеше кратко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×