873
По пауза од девет натпревар Арсенал се радува на победа, топчиите имаа девет минутен блесок со кој славеа на гостувањето кај Вест Хем.
Натпреварот не тргна како што треба за Арсенал, Огбона погоди во 38. минута за водство на Вест Хем од 1-0.
Арсенал изедначи преку Мартинели во 60. минута, Пепе шест минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на топчиите од 2-1. Во 69. минута Обамејанг ги постави конечните 3-1.