Со само 19 години Елмас ќе дебитира во ЛШ, Наполи го пречекува европскиот шампион

by
1 минути читање

Почнува новата сезона од Лигата на шампионите, еден од нашите претставници во неа е Елиф Елмас.

Наполи го пречекува актуелниот европски шампион Ливерпул, а Елмас треба да го има своето деби во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец беше стартер во последниот меч на Наполи во Серија А и ги импресионираше сите.

Но, според најавите на италијанските медиуми тој денешниот меч против Ливерпул би требало да го почне од клупата за резерви.

Анчелоти ќе го врати Алан во првиот тим, а Елмас сигурно ќе добие шанса во вториот дел и ќе ги запише своите први минути во Лигата на шампионите.

Мечот меѓу Наполи и Ливерпул се игра на Сан Паоло со почеток од 20:45.

Новата сезона во Лигата на шампионите со 20 ЕУР бонус на БетАдриа!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×