Со оваа изјава Барди ги загрижи фановите на Леванте

by
1 минути читање

Македонскиот
репрезентативец Енис Барди има важечки договор со шпанскиот прволигаш Леванте
до 2020. година, а во истиот има и откупна клаузула во висина од 25 милиони
евра, клубот донесе паметен потег по тоа прашање, а интересот за нашиот
фудбалер е голем.

Познат е
интересот кој за него го пријави новиот турски суперлигаш Ерзурумспор, а се
шпекулираше и интерес од тамошниот гигант Бешикташ, а Барди, кој ги собра сите
симпатии на фановите на Леванте од минатата сезона, веројатно со оваа изјава
сега пријави загриженост кај нив.

Во фудбалот
никогаш не се
знае ништо. Во
моментов сум фудбалер на Леванте, се чувствувам среќно. Ќе видиме што ќе се
случи во периодот кој претстои. Ми се допаѓа екипата, а воедно и лигата, но,
немам конкретен одговор околу мојата иднина
беа зборовите на Барди кој
проговори за својата иднина, не давајќи конкретен одговор за тоа дали ќе остане
во тимот од Валенсија.

Македонецот во
Леванте дојде минатото лето од редовите на унгарски Ујпешт за само 1,5 милиони
евра, сега шпанскиот прволигаш доколку го продаде, добро ќе се офајди од негов
евентуален трансфер.

Извор: fichajes.net

Можно е и ова да ти се допаѓа

×