Со него тргна европскиот успех за младите, нека биде така и за Вардар

by
2 минути читање

Познат е
делителот на правдата за реванш пресметката помеѓу Фенербахче и Вардар, а тоа е
полскиот арбитар Даниел Стефански.

Стефански не е
толку познат за европската фудбалска јавност, онолку колку што ни е нам познат.

Полјакот беше
главен делител на правдата на мечот помеѓу Македонија и Украина во
квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година кое неодамна
се одржа во Полска.

Септември 2015. Година,
избраниците на Благоја Милевски токму против Украина ја забележаа првата победа
во својата квалификациска група (1-0), и така тргна возот кон турнирот во
Полска, историскиот успех кој засекогаш ќе остане запаметен во фудбалска
Македонија.

Фото: ffm.mk (Македонија-Украина, У21, архива)

Дали Стефански ќе
биде „среќен“ и за нашиот првак Вардар, останува да видиме во четврток (19,30),
а четата на Чедомир Јаневски има одлична предност од 2-0 по првиот дуел во
Скопје, и е на историски чекор до пласман во групите од Лига Европа.

Она што е исто
така интересно, во судиската четворка истовремено се најдоа и Марк Бонијек и
Збигњев Добрињин, кои исто така беа дел од арбитрите во Скопје пред две години,
единствено Давид Игор Голиш е „новајлија“ во однос на тој натпревар кој
Македонија го доби со голот на Радески во 90. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани