150
Шпанецот минатата
недела го засили Челси од Реал Мадрид за 80 милиони евра и стана најскапиот
трансфер во историјата на „Сините“.
Алваро Мората
подготовките ги започна со „Кралевите“ но очигледно шампионот на Шпанија не
тренира со ист интензитет како шампионот на Англија.
Антонио Конте,
кој по пристигнувањето на Стемфорд Бриџ веднаш постави посебен режим за да го
подобри фитнесот на своите играчи, најде замерки за подготвеноста на напаѓачот.
„Мората неодамна
почна да тренира со нас, но мора да ја подобри кондицијата и што побрзо да се
прилагоди на нашиот тим” – вели Италијанецот.
„Работи добро, но
тука е само пет дена”.