Она што подолго време се најавуваше, конечно се реализираше, Златан Ибрахимовиќ ја обнови соработката со Манчестер јунајтед.
Напѓачот и пред неколку месеци беше блиску до нов договор, но тогаш заработи тешка повреда на коленото па преговорите беа одложени.
Швеѓанецот се опоравува од повредата побрзо од очекувањата, наскоро би можел да се врати на терените па денес стави потпис на едно годишен договор.
Новата соработка прв ја соопшти самиот Ибра кој на социјалните мрежи постираше слика на која тој облечен како Бог се поздравува со Ѓаволот.
„Манчестер јунајтед е задоволен што може да соопшти дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја продолжи авантурата со „Црвените ѓаволи“, напаѓачот стави потпис на едногодишен договор и ќе го носи дресот со број 10“ – гласеше известувањето на „Црвените ѓаволи“.
За новиот договор, Ибра рече: „Се вратив да го финиширам она што го започнав. Мојата, и намерата на клубот, од првиот момент беше да останам. Со нетрпение чекам да истрчам на теренот на Олд Трафорд, но исто така знам дека треба да почекам со цел да се осигурам дека сум подготвен. Работам напорно за да го реализирам токму ова“.
I UNITED it @ManUtd pic.twitter.com/2rgvuvoT0m
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) August 24, 2017