Со еден удар две муви, Мурињо им ги ремети плановите на Гвардиола и Венгер

by
1 минути читање

Чилеанецот сака да замине од Емирати ова лето, но Арсен Венгер одбива да го продаде својот најдобар играч.

Вчера имаше неколку стории за иднината на Алексис Санчез, се говореше за можна трампа со Рахим Стерлин, за доцна во ноќта да пристигне информација дека „Топчиите“ одбиле 50 милиони фунти.

Потоа се појавија стории дека играчот би можел да заврши во Манчестер но во црвената половина на градот, наводно посредник го понудил Алексис Санчез на „Црвените ѓаволи“.

Жозе Мурињо веќе има доволно играчи за офанзивниот дел, но „Специјалниот“ бил привлечен од еден ваков трансфер поради неколку причини.

Најпрво ќе добие фудбалер од светска класа кој веќе покажа дека одлично се снаоѓа во Премиерлигата. Исто така тој ќе ослаби директен конкурент, а што уште повеќе би ги израдувало фановите, ќе го украде Алексис Санчез пред лутиот градски ривал.

Па клубот од Олд Трафорд сега внимателно ќе ги следи преговорите помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, и не се исклучува можноста да достави понуда во последниот ден од летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани