Со еден натпревар, Костадинов го дели третото место на листата на стрелците во квалификациите за ЕУРО 2019

by
1 минути читање

Младата фудбалска
репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година славеше на гостувањето
кај Ерменија со високи и убедливи 0-3, и со триумф го почна походот кон пласман
на уште едно големо натпреварување, овој пат ЕУРО 2019.

Селекцијата на Благоја
Милевски претрпе доста промени во својот состав, поголемиот дел од фудбалерите
веќе надминаа 21 година па се преселија во сениорскиот состав на Македонија, а
Милевски имаше полни раце работа во склопувањето на „новата“ селекција.

Капитенот Тихомир
Костадинов беше стрелец на сите три погодоци од мечот кој се одигра во Еревен
во рамките на квалификациската група „7“, па со три погодоци од само еден
натпревар е на делба на третото место на листата на стрелците во квалификациите
засега.

Првото место со
по четири погодоци го делат Кристенсен (Данска) и Пушкаш (Романија), додека пак
нашиот Костадинов третото место го дели со Кулорис (Грција), Страндберг (Шведска)
и Терие (Франција).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×