Со дерби во Тетово почнува вториот дел од сезоната во ПМФЛ!

by Стефан
1 минути читање

Вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига стартува денеска со 17. коло, кое веднаш носи интересен дуел меѓу двајца кандидати за титулата, Шкендија ќе ја пречека екипата на Струга.

По зимската пауза, тимовите се враќаат во натпреварувачки ритам, а 17. коло се игра во периодот од денеска до четврток со по два натпревари дневно.

На програмата веднаш имаме дерби: денеска од 14:00 часот, Шкендија ќе ја пречека Струга – дуел меѓу третиот и вториот на табелата, два од трите главни кандидати за шампионската титула. Во истиот термин, Шкупи ќе се соочи со Тиквеш.

Актуелниот лидер, Вардар, игра утре од 13:00 часот на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ против тимот на Арсими, додека еден час подоцна ќе се игра и дуелот Силекс – Башкими.

Колото ќе заврши во четврток, кога од 13:00 ќе се сретнат Брера – Македонија Ѓорче Петров, а од 14:00 е дуелот Пелистер – Работнички.

Шкендија – Струга

Шкупи – Тиквеш

Вардар – Арсими

Силекс – Башкими

Брера – Македонија ЃП

Пелистер – Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

×