Бразил од 14. јуни
до 7. јули ќе биде домаќин на Копа Америка и селекторот Тите денеска ги откри
адутите. Во неговиот состав има неколку изненадувања и две големи отсуства како
Фабињо од Ливерпул и Лукас Мура, кој со хет-трик во Амстердам го однесе Тотнем
во финале од Лигата на шампионите.
Токму Давид Нерес
од Ајакс доби шанса во офанзивата, а по повеќе од една година во тимот се враќа
Фернандињо, што значеше дека нема место за Фабињо.
„Никогаш не ми
било потешко да го составам списокот. Со денови не спиев“ – вели Тите.
„Фабињо игра
фантастично со месеци. Ми беше навистина тешко да изберам… Но имаше место
само за двајца од Касемиро, Фернандињо и Фабињо. Сите тројца се одлични,
боли што морам некого да изоставам но таква е мојата работа“.
Првата ѕвезда на
„кариоките“, Нејмар го предводи списокот од 23 имиња на кој има дури 14 фудбалери кои
минатото лето потфрлија на мундијалот во Русија.
Os convocados da #SeleçãoBrasileira para a Copa América em um só lugar!
Saiba os detalhes >> https://t.co/YWMGXZTpXq pic.twitter.com/xbsjizG8cn
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) May 17, 2019