Весли Снајдер
одлучи да стави крај на професионалното играње фудбал, а 35 годишниот
Холанѓанец се повлекува од фудбалот по една ипол година мината во дресот на
катарска Ал-Гарафа.
Холанѓанецот
навести дека пензиските денови ќе ги ужива во тоа што ќе го следи својот омилен
клуб Утрехт, клубот од неговото родно место, а веќе има и посебно место во
ложата од арената за него, станува збор за приватна ложа во сопственост на
Снајдер.
„Мојата љубов за
овој град како и самиот клуб е голема, ние често зборувавме и за можноста да се
преселам тука, сега тоа го ставивме на хартија, очекувам одлична сезона“ рече
Снајдер во изјавата на официјалниот клупски сајт на Утрехт, местото каде беше
објавена официјалната вест за пензионирањето на Холанѓанецот.
Снајдер
настапуваше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ал-Гарафа, во дресот на
Холандија одигра 134 натпревари на кои постигна и 31 погодок.
Нема никакви
дилеми дека Снајдер своите најдобри денови од кариерата ги мина во дресот на
Интер во славната сезона 2009/10.