Манчестер
јунајтед ремизираше кај Евертон на гостински терен (1-1) во 28. коло од
Премиерлигата, но, од таа пресметка на „Гудисон“ остана во големо сеќавање
неверојатниот кикс на Давид де Хеа кој му подари гол на Доминик Калверт-Луин (голот – тука).
Питер Шмајхел,
поранешниот голман на Манчестер јунајтед смета дека Де Хеа ги преминал
границите со зачестените грешки на голот на Премиерлигашот, грешки кои значат и
губење бодови за тимот на Оле Гунар Солшер.
„Тоа беше
недостиг на концентрација, за најдобрите клубови, патот до титулата во
шампионатот не се однесува на тоа да им давате на противниците подароци, тоа не
го правите во тој случај“ вели легендарниот Шмајхел.
„Во седум меча,
седум грешки кои во голема мера влијаеа Манчестер јунајтед да губи бодови, тоа
е премногу. Тоа е премногу за еден клуб од нивото на Манчестер јунајтед, тоа е
нешто што Давид де Хеа мора да го исфрли од својата игра, потребна му е подобра
концентрација“ додава Данецот.
Шмајхел играше на
близу 400 натпревари во дресот на „Црвените ѓаволи“, се здоби со статус легенда
на тој клуб во чии дрес играше осум сезони, освои пет титули во Премиерлигата,
три во ФА купот, како и една во Лигата на шампионите во фамозната сезона
1998/99.