Службена победа за Силекс, Шкупи не најде стадион на кој може да игра

by Стефан
1 минути читање

Шкупи кој е во големи проблеми на почетокот на сезоната не успеа да пронајде терен каде што ќе го одигра натпреварот од второто коло против Силекс, па така кратовскиот тим добил службени три бода.

Ќе потсетиме, само стадионот во Чаир не ги исполнува условите за ВАР, па поради тоа ФФМ не дозволи Шкупи да игра натпревари на свој терен. Се појави информација дека Башкими е подготвен да му го отстапи стадионот за ова коло, но ФФМ не дозволи.

Така Силекс ја запиша втората победа, а Шкупи вториот пораз по средбата со Шкендија на која во Тетово претрпе пораз со 0-3.

Покрај проблемот со стадионот, Шкупи засега не успева ниту да регистрира доволен број професионални фудбалери, па прашање е колку во ваква ситуација можат да издржат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×