Разврската од
Групата Ф беше интересна и неизвесна до самиот финиш.
Англија го имаше
обезбедено првото место но и покрај тоа „Трите Лава“ славаеа со минимални 0-1
на гостувањето кај Летонија со погодокот на Хари Кејн од пенал.
Вистинската борба
беше на дуелот помеѓу Словенија и Шкотска. Гостите сами си одлучуваа за
сопствената иднина, и со победа ќе беа во баражот за мундијалот во Русија.
Грифинс погоди во
32. минута за голема радост на „Тартан Армијата“, но во второто пулувреме
следеше шок.
Домаќините и
покрај тоа што немаа за да што да играат го свртеа резултатот во своја корист.
Безјак донесе 1-1 во 52. минута, а истиот играч стрелаше прецизно за 2-1 во 72.
минута.
До крајот на
средбата, Шкотска само успеа да изедначи на 2-2 со голот на Снодграс, резултат
кој и овозможи на Словачка да го освои второто место по победата од 3-0 над
Малта.
Сепак, местото на
Словачка во баражот виси, и Словаците сега нервозно ќе ги чекаат резултатите на
утрешните натпревари.
Во Групата Е,
Полска со победа од 4-2 го потврди првото место, Данска оди во баражот а во дербито
на дното, Казакстан и Ерменија одиграа 1-1.