Словенечките медиуми најавуваат: Ибраими се враќа во Марибор, повторно дел од Лигата на шампионите!

by
2 минути читање

Словенечка „Екипа“
најавува дека Словенија е една од опциите на маса кои ги има
29 годишниот офанзивец, Агим Ибраими, кој
моментално е без ангажман по кратката авантура во казахстанска Астана, каде
имаше одлични финансиски услови, но имаше и големи недоразбирања со челниците
на овој клуб, но и неколкуте повреди кои го наследија истиот период.

Според нашите
информации, постојат неколку опции за Ибраими на масата, но тие се финансиски
слаби, така што Македонецот можно е да се врати во Словенија!
“ пишува „Екипа“,
а словенечкиот медиум притоа додава дека според нивните извори, нашиот фудбалер
се обидува да се пронајде себе си во клуб каде имал фантастични партии во
својата кариера, а се чини дека Марибор е несомнено најдобрата дестинација за
него, барем од овој аспект.

Сепак, ќе
потенцираме дека
кон крајот на минатиот месец, „24фудбал“ дојде до информации од мошне веродостојни извори кои ни открија дека следната дестинација за Агим Ибраими ќе биде Турција, па останува да видиме за која опција се решил Ибраими.

29 годишниот офанзивец најдобрите денови во својата кариера
ги мина во словенечки Марибор, од таму премина во редовите на калчолигашот
Калјари на позајмица, сепак клубот и покрај одличните изданија на нашиот
фудбалер, не го откупи неговиот договор (1,2 милиони евра) по што тој се врати
во Љубљана. Потоа следеше трансферот во Астана со две ипол годишна
заработувачка од 2,2 милиони евра.

Ако се остварат
најавите Ибраими да се врати во Марибор, тој ќе биде вториот Македонец во
најновата сезона од групите од Лигата на шампионите, по Стефан Ристовски со
Спортинг Лисабон. Ибраими во првото учество на словенечкиот тим беше дел од
елитното европско клупско натпреварување
во 2014. година, а постигна гол за
паметење против великанот Челси,

Извор/Фото-вест: ekipa.svet24.si

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани