Словенечки „Сиол“
најавува дека утре ќе се решат сите дилеми околу иднината на 29 годишниот
македонски офанзивец Агим Ибраими, очекувањата се тој утре да биде презентиран
во тамошната јавност како нов фудбалер на словенечкиот прволигаш Домжале.
„Од Домжале не
сакаат да ги коментираат нашите информации до кои дојдовме, за што се пишуваше
во последниот период, со оглед на веродостојните информации до кои дојдовме,
нема никакво сомнение дека утре ќе биде презентацијата на Ибраими во Домжале“
пишува словенечкиот медиум.
Ибраими се враќа
во Словенија, а за тоа се најавуваше подолг период, во мошне амбициозниот тим
Домжале ги има некогашниот македонски репрезентативец Зени Хусмани, и
поранешниот офанзивец на Вардар, Сенијад Ибричиќ кој се препороди во
словенечката екипа.
За Ибраими,
Домжале ќе биде третиот словенечки клуб каде настапувал, откако претходно ги
бранеше боите на Олимпија Љубљана и Марибор.
Извор: siol.net