Словенечки „Сиол“ го потсети Облак на неговиот кошмар – Елмас! (ФОТО+ВИДЕО)

by
1 минути читање

Утре со почеток
од 18 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра фудбалска
репрезентација ќе ги одмери силите со Словенија во тест меч, а финалните
подготовки за претстојното Европско првенство ќе се заокружат со контролката
против Казахстан три дена потоа.

Словенечки „Сиол“
најавувајќи го утрешниот меч потсети на феноменалната партија на нашиот
фудбалски бисер Елиф Елмас во последниот меч помеѓу обете селекции, каде со
двата гола на интернационалецот од Наполи Словенија беше совладана со 2-1 во
европските квалификации пред две години, а нашите фудбалери завршија на делба
на третото место токму со Словенија со по 14 бода, прва заврши Полска, а втора
Австрија.

Јан Облак уште
се сеќава како младиот Македонец го стави во лошо расположение
напиша словенечкиот медиум, алудирајќи на блескавата партија на Елмас со што еден од
најдобрите голмани во светот беше ставен во очај.

Како за
потсетување, првиот меч на Европското првенство избраниците го играат против
Австрија на 13 јуни, четири дена потоа ќе ги одмерат силите со Украина, а
групната фаза ја завршуваат со пресметката против Холандија на 21 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×