29 годишниот македонски интернационалец и некогашен
најдобар фудбалер во нашата земја, Агим Ибраими летово беше без ангажман и како
слободен агент на трансфер пазарот бираше од понудите кои пристигнаа до негова
адреса, па на крајот се реши да се врати во Словенија, и тоа во редовите на
Домжале.
Домжале е амбициозен проект, меѓутоа тимот се соочува со
резултатска криза, има само три победи од вкупно десет одиграни натпревари во
словенечкиот прволигашки шампионат, со што се одвојува од двата претенденти за
титулата, Олимпија од Љубљана и Марибор. Дополнително, алармот се вклучи по
елиминацијата во второто коло од Купот на Словенија, и тоа од некогашниот
прволигаш, моментално дел од второлигашкото друштво, Мура со 3-1 на гости.
Словенечка „Екипа“ вчера излезе со вест за нашиот
Ибраими, за кого праша што се случува со Македонецот кој дојде на големо во
редовите на словенечкиот прволигаш ова лето, а се уште нема настап за својот нов клуб, одговор на тоа прашање доби од
спортскиот директор на клубот, Камнишка Бистрица.
„Ситуацијата е многу комплексна, ние како клуб се
обидуваме да ги решиме сите дилеми околу процедурата за регистрација на
фудбалерот, станува збор за нерасчистени работи кои Агим ги има во минатото,
вклучително и со тоа проблематично е добивањето на специјална дозвола од ФИФА
за регистрација на фудбалерот, бараме решение за да го решиме овој случај
најбрзо што можеме, мораме да бидеме крајно одговорни за да не добиеме казна за
овој случај“ издвои Бистрица.
Дека Домжале има амбициозен тим, говори и фактот што во
третото квалификациско коло од Лига Европа го елиминираше германскиот бундеслигаш
Фрајбург, во плејофот сепак беше сопрен од француски Олимпик Марсеј.
Извор: ekipa.svet24.si