Словенечка „Екипа“ открива: Ријека сакала да го задржи Ристовски за двомечот со Олимпијакос, еве што понудиле Хрватите

by
3 минути читање

Македонскиот
репрезентативец, 25 годишниот бек Стефан Ристовски премина во редовите на
португалскиот гигант Спортинг Лисабон, од хрватскиот првак Ријека.

Спортинг Лисабон ги праша фановите што мислат за новото засилување, еве дел од одговорите… (ФОТО)

Ристовски веќе не
е топ тема само во Хрватска, туку веќе и во Словенија, ако се земе во предвид
дека стратегот од клупата на Ријека, Матијаж Кек е Словенец, често можеме да
зебележиме вести за неговиот тим низ словенечките медиуми.

Словенечка „Екипа“
пишува дека Ријека во преговорите со Спортинг Лисабон на маса извадила понуда
до португалската екипа за да го задржи еден од своите клучни фудбалери за
двомечот против Олимпијакос
во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на
Шампионите.

Понудата била
200.000 евра помала сума на обештетување во однос на таа која веќе се договори
(читај – 2.250 милиони евра), а веднаш по двомечот со грчкиот шампион, нашиот
фудбалер да се пресели во Лисабон.

Португалскиот
гигант ја одбил оваа понуда по што и обете страни се договорија на позајмица до
крајот на оваа сезона, по што за да го добие Ристовски, Спортинг Лисабон идното
лето ќе мора да и исплати на Ријека 2.250 милиони евра, по што нашиот
репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор со Спортинг Лисабон.

„Плачев кога ме тргнаа одвоено на тренинг, не сакав да заврши вака…“

Во Ријека веќе е
вклучен алармот по заминувањето на Ристовски, тимот претрпе пораз од
амбициозниот тим на Осијек каде настапува нашиот напаѓач Ејупи, а веќе следи
дербито против Динамо Загреб во второто коло за потоа и двомечот кој е
историски за хрватскиот тим.

Извор/Фото-вест: ekipa.svet24.si

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани