Англија со победа од 3-0 над домаќинот Полска се пласираше
помеѓу четирите најдобри на Европското првенство за играчи до 21 година.
„Трите Лава“ беа далеку подобар противник и лесно забележаа
убедлив триумф.
Резултатот го отвори Греј по само шест минути игра. Англија
имаше уште неколку добри шанси за на пауза да замине со повисока предност, но
голманот на Полска со одлични интервенции ја сочува сопствената мрежа.
Сепак, квалитетот дојде до израз во вториот дел, па Марфи по
една брза контра зголеми на 2-0, а Бејкер од пенал во 82. минута ги постави
конечните 3-0.
На вториот натпревар од Групата А, Словачка исто така со 3-0
славеше над Шведска.
Словачка има шест бода, па Македонија сега нема никакви шанси за полуфинале и утрешниот дуел со
Португалија ќе биде последен за избраниците на Боби Милевски во Полска.