Слот за одлуката да не го земе Салах во Милано: Вообичаено сум смирен и културен, но тоа не значи дека сум мек!

by riste
1 минути читање

На вчерашната прес-конференција по повод мечот со Интер, Арне Слот зборуваше и за ситуацијата која ја создаде Мохамед Салах со неговата изјава.

Слот призна дека бил изненаден од Салах кој силно распали по Слот и по Ливерпул откако беше седнат на клупа.

„Не чувствував дека имам лош однос со Салах, но тим има право да ги чувствува работите на друг начин. До саботата вечер јас немав почувствувано дека тој така се чувствувал. Вообичаено кога фудбалерите не играат колку што сакаат, тие не го сакаат тренерот толку многу, но тој покажуваше голема почит кон моите членови на стручниот штаб, кон соиграчите, и тренираше многу напорно, па тоа што го слушнав од него беше големо изненадување за мене. Но, не е ниту прв ниту последен пат фудбалер кој не игра да каже такво нешто“, вели Слот.

„Мислам дека и мојата реакција кон тоа е исто така јасна, а тоа е дека тој не е тука со нас. Вообичаено јас сум смирен и културен, но тоа не значи дека сум мек, па кога фудбалер ќе ги каже сите тие работи, јас и клубот треба да реагираме и реагиравме, може да видите дека тој не е тука“.

„Треба да откријам зошто го кажа тоа што го кажа. Можеби не е само затоа што не играл, можеби има и друго нешто. Може само да претпоставувам, мислам на нешто, но нема да го кажам. Тој секако дека има право да се чувствува како што се чувствува, но нема право да зборува со медиумите за тоа, односно има право да зборува со медиумите, но наше е после тоа да реагираме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×