Новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот открива дека не направил големи промени откако пристигнал на Енфилд, сменил само едно правило на Јирген Клоп, па фудбалерите сега спијат во своите домови наместо во хотел во пресрет на натпреварите.
Арне Слот одлично ја започна авантурата на кормилото на „црвените“, со две победи во Лигата на шампиони, една во Лига купот и прво место на табелата во Премиерлигата.
Па новинарите денеска го запрашаа што променил во однос на неговиот претходник Јирген Клоп и дали донел некое ново правило.
„Можеби имплементиравме едно или две правила, но не знам што точно беше“ – вели Холанѓанецот.
„Од претходно имаше навистина добра работна култура, па мразам да зборувам за казни и вакви слични работи поради тоа што фудбалерите доцнат. Сосема нормално е тоа да се доаѓа на време“.
„Единствено нешто што променив, и не знам дали е правило, вообичаeно се одеше во хотел на ден пред натпревар, и токму тоа го променив. Јас и мојот персонал сметаме дека најдобро место за спиење е вашиот сопствен кревет, така најдобро ќе се одморите“.
„Ова не е некое правило, но го променивме. Па сега пред домашен натпревар, фудбалерите одат да спијат во сопствените домови, во сопствените кревети, наместо да спијат во хотел“.