Слот си игра мајтап со Киеза, напаѓачот оставен дома и нема да патува во Истанбул

by bojan
1 минути читање

Ливерпул го објави составот кој ќе патува во Истанбул за дуелот против Галатасарај во Лигата на шампионите, на списокот немаше место за Федерико Киеза.

Арне Слот му го скрши срцето на Федерико Киеза откако го изостави од списокот на играчи пријавени за настап во Лигата на шампионите.

Но по тешката повреда на Џовани Леони, Ливерпул ги искористи новите правила на УЕФА и додатно го вметна Италијанецот во списокот.

Сепак, во пресрет на пресметката со Галатасарај и гостувањето во Истанбул, следеше ново разочарување.

Арне Слот го објави составот од 21 фудбалер кои ќе патуваат во Турција, и на него немаше место за Федерико Киеза, кој остана дома и покрај тоа што во саботата постигна гол против Кристал Палас.

ФОТО: fb/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×