Екипата на Ливерпул денеска претрпе пораз од Кристал палас во натпреварот за Комјунити шилд трофејот по изведувањето на пенали, меѓутоа стратегот Арне Слот истакна дека нема што да им замери на своите фудбалери.
Неговите избраници беа катастрофални во пенал серијата и не реализираа три удари од белата, точка (Салах, Елиот и Мекалистер), а тоа Палас знаеше да го искористи.
Сепак, Слот истакна дека нема што да им замери на своите фудбалери.
„Немам што да замерам, секој може да прмаши пенал. Можам да ги пофалам за залагањето и трудот кој го покажаа на теренот. Сепак, имаше детали на кои треба да поработиме. Во екипата имаме нови фудбалери кои малку време се со нас, меѓутоа сезоната е долга и верувам ќе бидат одлични засилувања“, изјави Слот.
Ливерпул сезоната во Премиер лигата ја отвора в петок со натпреварот против Бормут од 21:00 часот.
Фото: Liverpool FC/X