Слот сака 5 засилувања за да направи страшен тим, еве како може да изгледа Ливерпул следната сезона

by bojan
1 минути читање
Ливерпул

Медиумите од Англија пренесуваат дека Арне Слот сака да донесе пет засилувања и да краира страшен тим кој ќе доминира во Премиерлигата.

По информациите дека Трент Александер Арнолд се договорил со Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, медиумите од „островото“ пренесуваат дека Арне Слот планира да донесе 5 засилувања за да направи страшен тим.

Тренерот сака да донесе нов напаѓач, нов десен бек, нов лев бекв, нов централен дефанзивец и ново крило.

На листата со желби се наоѓаат Хари Кејн од Баерн Минхен, Џереми Фримпонг и Педро Инкапие од Баер Леверкузен, како и Милош Керкеш и Антонио Семењо од Борнмут.

И не само тоа, медиумите шпекулираат дека Ливерпул ќе успее да го убеди Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк да останат, па доколку успеат да ги донесат сите овие имиња, Арне Слот ќе може на терен да испрати ваков тим:

Алисон, Керкез, Ван Дајк, Инкапие, Фримпонг, Гравенберх, Мекалистер, Собослаи, Салах, Семењо и Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани