Ливерпул продолжува да тоне и повторно разочара на „Енфилд“. Актуелниот шампион одигра само 1-1 против Сандерленд во Премиер лигата, резултат што дополнително го зголеми притисокот врз Арне Слот во една од најлошите сезони на клубот во последната деценија.
Црвените дури можеа да останат и без бод. Прво Вирц го спаси тимот од пораз, а во судиското продолжение Киеза од самата гол линија спречи втор гол на гостите. По мечот Слот без многу дилеми проговори за проблемите.
„Очигледно е дека имаме проблем, тимовите кои доаѓаат на Енфилд веќе го немаат истиот страв како порано. Секој доаѓа овде со верба дека може да стигне до резултат, да слави, тоа беше случај и денеска со Сандерленд. Примивме гол по одбиен шут што заврши во мрежата и се беше потешко, бидејќи знаеме дека Сандерленд има одлична одбрана. Тие беа полни со самодоверба, што само ни ја отежна работата. Дури и кога победувавме на стартот на сезоната, тоа беа тешки победи, па ривалите видоа дека може да играат со нас, забележаа дека сме ранливи и сето тоа се одразува на нашите резултати во овој период. Секако дека не заслуживме пораз, реми и еден бод е минимумот што го заслуживме со играта, мораме да продолжиме да работиме и да напредуваме“, истакна Слот.
Ливерпул одамна не изгледал вакво ранливо на сопствен терен, а кризата е се подлабока со секое ново коло.