Слот по суспензијата: Не смеам ниту да ви кажам што му реков на судијата…

by 24 фудбал
1 минути читање

Челниците на Премиер лигата го суспендираа тренерот на Ливерпул, Арне Слот на два натпревари. Холанѓанецот по натпреварот со Евертон во средата (2-2) на „Гудисон Парк“ дојде до судијата Мајкл Оливер и нешто му приговори, па доби црвен картон и потоа суспензија.

Сега Слот ја искоментира ситуацијата која се случила и призна дека бил понесен од емоциите.

Ме понесоа емоции. Сега би сакал да направам нешто поинакво. Не смеам ниту да ви кажам што изговорив бидејќи трае истрага. Мислам дека ремито беше оправдано, иако мене ми изгледаше дека испуштивме два бода во тој момент“, прокоментира Слот.

Оваа суспензија значи дека Слот нема да биде на клупата за натпреварите против Вулверхемптон и Астон Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани