Тренерот на Ливерпул, Арне Слот имаше емотивно интервју по мечот против Борнмут кој Црвените го добија со 4-2.
Вчерашниот меч на Ливерпул беше исклучително емотивен бидејќи беше прв официјален на Енфилд по смртта на Жота.
„Зборувавме за фудбалот, но треба да кажеме и колку импресивно и моќно беше оддавањето почит денеска. Тука сум една година и јас слушнав „You’ll Never Walk Alone“ многу пати, но денеска беше посебно моќно“, вели Слот.
Диого Жота беше играч кој знаеше да влезе од клупата и да го смени натпреварот. На тоа се потсети и Слот бидејќи токму тоа му требаше на вчерашниот меч.
„Им кажав и на фудбалерите…Вообичаено при 2-2 на 20 минути до крајот, првиот фудбалер кој го барав беше Жота. Но, сега не можев да го најдам од ужасни причини“, емотивен беше Слот.