Слот: Ливерпул е најубав клуб за страдање – имате поддршка од раководството!

by riste
1 минути читање

Арне Слот смета дека има комплетна поддршка од челниците на Ливерпул иако резултатите се далеку од идеални оваа сезона.

Лани, во својата прва сезона, Арне Слот го предводеше Ливерпул до титулата во Премиер лигата, но оваа црвените се катастрофа.

Ливерпул одамна е излезен од трката за шампионската титула, остана борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Во Лигата на шампионите загубија од Галатасарај со 1-0 во првиот меч, но имаат уште шанси да се вратат и да се пласираат во четвртфиналето.

„Ова е веројатно најдобриот клуб за да страдате бидејќи ја чувствувате поддршката. Клубот секогаш има различни периоди и сите се тука за тебе“, вели Слот.

Тој сака да каже дека ако бил во друг клуб, досега ќе добиеше отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×