22
Вчерашната победа на Ливерпул над Интер во Лигата на шампионите оди во полза за Арне Слот во војната со Мохамед Салах која ја почна египетскиот фудбалер.
По изјавата со која ги нападна Слот и клубот, Салах беше оставен во Ливерпул, не патуваше во Милано на мечот против Интер.
По вчерашната победа над Интер, неминовни беа и прашањата за Салах на кој Слот мораше да одговори.
„Вие велите дека секој прави грешки во животот… па првата работа треба да биде дали фудбалерот смета дека тој направил грешка исто така“, вели Слот.
„Следното прашање е: Дали иницијатива за извинување треба да дојде од мене или од фудбалерот?“.
„Јас никогаш не сум рекол дека нема да зборувам со него повеќе“.