Арне Слот вели дека Трент Александер Арнолд е целосно посветен на Ливерпул и десниот бек ќе настапи во недела на големото дерби против Манчестер јунајтед.
Реал Мадрид испрати прва понуда за ангажман на Трент Александер Арнолд уште во јануари, но иако Ливерпул го одби овој предлог, се најавува дека „кралевите“ повторно ќе притиснат за ангажман на десниот бек, кој ги одработува последните месеци од договорот.
„Можам само да ви кажам дека тој ќе игра во недела, и се надевам дека ќе ги повтори перформансите од првите шест месеци од оваа сезона“ – вели Арне Слот.
„Сите убаво видоа на какво високо ниво одигра против Вест Хем, колку ментално е присутен тука и колку сака да победува тука. Го гледам секој ден на тренинг како се „убива“ од работа, тој е целосно посветен и во недела ќе игра против Манчестер јунајтед“.
Тренерот на Ливерпул потоа додаде: „Разговарам со Трент постојано, но нема шанси да ви откријам дел од конверзацијата, тоа останува приватно“.