Тренерот на Ливерпул, Арне Слот вели дека за поразот од Кристал Палас е виновен еден фудбалер, кој наместо да брани, решил да тргне во контра која никогаш немало да се случи бидејќи немало ниту простор, ниту времо.
„Црвените“ го загубија првиот натпревар оваа сезона, синоќа примија гол во 97. минута на гостувањето кај Кристал Палас и беа поразени со 2-1.
„Самите сме си виновни. Еден од нашите играчи почна да трча напред бидејќи сакаше да направи контра, за која немаше ниту простор, ниту време. Требаше да мислиме само на одбрана. Но ете, еден фудбалер беше премногу офанзивно настроен во тој момент и поради тоа примивме гол и загубивме“ – вели Арне Слот.
Тренерот на Ливерпул не откри на кого мисли, но се верува дека виновникот е Џереми Фримпонг, кој го остави Еди Нкетија осамен на подалечната статива.
„Првото полувреме беше разочарувачко, а таков беше и крајот на натпреварот. Мора и да му честитам на Кристал Палас, не е прв пат да загубиме од нив, не победија и во Комјунити Шилд. Залужија да водат и со два или три гола во првото полувреме“.
„Во вториот дел игравме подобро, создадовме шанси, ни требаше време да постигнеме гол, а кога конечно успеавме, повторно примивме гол од прекин“.
ФОТО: X/Liverpool FC