Според многумина, Арне Слот е најголемиот виновник за кризата во Ливерпул и веќе се пишува за н егов можен отказ.
Дебаклот од ПСВ со 4-1 во Лигата на шампионите сериозно го разниша неговото столче и според последните информации клубот му поставил ултиматум и мора да победи на следните три натпревари ако сака да остане.
Сега во јавноста се појави сумата која Ливерпул ќе треба да му ја исплати, ако одлучи да го отпушти и таа изнесува десет милиони евра.
Сепак, Слот не е загрижен.
„Не сум загрижен. Мојот фокус е ставен на поправање н а ситуацијата, ќе се обидам да анализирам, и да помогнам на фудбалерите колку што можам. Очигледно дека не работам доволно добро како минатата сезона“, изјави Слот по вчерашниот поразо д ПСВ.