Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го потврди големиот гест на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота, двегодишниот договор на Португалецот во целост е исплатен на семејството.
Пред почетокот на новата сезона, светот на фудбалот беше потресен од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Напаѓачот со автомобил тргнал на пат до Англија за да се пријави на подготовките во Ливерпул, но во Шпанија загубил контрола, завршил во заштитната ограда по што се запалил автомобилот.
Само десетина дена претходно, Диого Жота се омажи со својата долгогодишна партнерка, со која имаат три деца.
Па Ливерпул се реши за голем гест и платата на Португалецот да продолжи да ја исплаќа на семејството, ова сега беше потврдено и од Арне Слот.
„Сопствениците често добиваат критики, исто како и ние тренерите, но начинот на кои тие се справија со ситуацијата, со тоа што на сопругата и децата и ги исплатија сите пари од договорот, тоа е за почит“ – вели предводникот на Ливерпул.
„Можеби луѓето мислат дека ова е нормално, но не е нормално во фудбалот“.