Според пишувањата на Стандард, Арне Слот го идентификувал Оркун Кокчу од Бенфика како прво засилување во Ливерпул, Турчинот има огромна откупна клаузула од 150 милиони евра.
Синоќа и официјално беше потврдено дека Арне Слот е наследникот на Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул.
Фокусот веќе е на трансфер пазарот, „црвените“ сакаат да склопат тим кој ќе може да ги предизвика Манчестер Сити и Арсенал во трката за титулата во Премиерлигата.
Низ медиумите често има шпекулации за тоа кој се е на листата со желби на Арне Слот, а како што пишува Стандард, стратегот сака прво засилување да му биде Оркун Кокчу од Бенфика.
Арне Слот добро го познава Турчинот, му беше капитен во Феенорд, и тој може да одговори на неколку позции во срдниот ред, односно да одигра како 6-ка, 8-ка па и 10-ка.
Во неговиот договор има огромна откупна клаузула од 150 милиони евра, но тешко дека Бенфика може да се надева на толку голем трансфер.