Слот го губи трпението, Ливерпул следната сезона може да има целосно нов напад

by bojan
1 минути читање
Ливерпул

Како што пренесуваат медиумите од „островото“, Арне Слот е фрустриран од изданијата на Дарвин Нуњез, Луиз Диаз и Диого Жота, па под знак прашалник е иднината на сите тројца.

Ливерпул може да има целосно нов напад следната сезона, како што се шпекулира на „островото“, Арне Слот полека го губи трпението со Дарвин Нуњез, Луис Диаз и Диого Жота.

Дарвин Нуњез се мачи да влезе во голгетерска форма, додека пак Луис Диаз има многу падови и подеми и му недостасува конзистентност.

Што се однесува до Диого Жота, Португалецот многу често е повреден и ова го фрустрира тренерот на „црвените“.

Па летоска сите тројца би можеле да го напуштат Енфилд. Ливерпул очекува богати понуди од Саудиска Арабија за Дарвин Нуњез и Луис Диаз (за Колумбиецот интерес пројавуваат и ПСЖ и Барселона) додека пак Диого Жота се поврзува со шокантен трансфер во Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×