172
Во Ливерпул уште се под влијание на смртта на Диого Жота кој загина во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат.
Слот вели дека Жота многу недостига и на теренот и во соблекувалната.
„Жота ни недостига многу на теренот. Но, ни недостига и како личност, како пријател. Жота беше добар човек и одличен фудбалер. Трагедијата имаше големо влијание врз фудбалерите, им недостига на сите во клубот“, кажа Слот.