Ливерпул минатото лето вложи огромни средства во нови фудбалери, а по одличната сезона што ја имаа, многумина очекуваа тимот и годинава да биде меѓу најмоќните во Европа. Но формата значително опадна, па во клубот веќе се кројат планови за зимски промени.
Иако „црвените“ потрошија околу 500 милиони евра, резултатите не го оправдуваат вложеното. Тимот запиша осум порази на последните 11 мечеви, повеќе отколку во цела претходна сезона.
Според Фабрицио Романо, Ливерпул во јануари ќе се обиде да ги ангажира Антони Семењо од Бормут и стоперот на Кристал палас, Марк Гуехи, со цел да се стабилизира играта и да се направи пресврт во сезоната.
Во меѓувреме, меѓу навивачите веќе се појавуваат гласини за евентуална тренерска промена, а како можно решение се споменува Јулијан Нагелсман. Сепак, управата засега не размислува во таа насока и му ја задржува довербата на Арен Слот.