Слот доби одлични вест пред дербито со Манчестер сити

by Стефан
0 минути читање

Ливерпул доби одлични вести во пресрет на дербито со Манчестер сити во Премиер лигата, тренерот Арне Слот повторно ќе може да смета на шведскиот напаѓач Александер Исак.

Исак последен пат настапи против Ајнтрахт Франкфурт, но поради повреда беше надвор од терените неколку недели. Сега е целосно опоравен и подготвен да им помогне на „црвените“.

„Пред три недели реков дека неговата претсезона конечно е завршена. Време е да видиме во каква форма се наоѓа. Иако тимот игра одлично, нема да брзаме со неговото враќање“, изјави Слот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×