Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, јавно го изрази своето незадоволство од судењето на дербито против Манчестер сити на „Енфилд“.
Главен арбитар на натпреварот беше Крејг Посон, кој се најде во центарот на вниманието по неколку спорни одлуки, а Слот смета дека не ја завршил најдобро својата работа. Особено го налути моментот во кој Марк Гуехи доби само жолт картон за повлекувањето на Мохамед Салах во ситуација кога Египќанецот излегуваше сам пред голманот.
„Ако има инцидент за кој треба да се зборува, тогаш тоа е моментот кога Мо Салах излегуваше сам кон голманот. Секој што доаѓал на овој стадион во последните седум или осум години знае дека тоа е гол за Ливерпул.
Повторно судиите одлучија на наша штета. Тие треба да си ја вршат работата. Што се однесува до исклучувањето на Собослаи, можам да разберам зошто судијата тоа го протолкува како црвен картон, тоа е школски пример. Но, исто така школски пример е и ситуацијата во која Салах одеше сам кон голманот“, изјави Слот.