ФИФА размислува за ноќни термини на Светското првенство 2026 поради екстремните жештини во САД, Канада и Мексико.
Наместо стандардните почетоци во 18:00 и 21:00 часот по европско време, најголемите мечеви би можеле да се играат по полноќ, за да се избегне пеколната температура.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, неодамна јавно се пожали откако неговиот тим играше при речиси 40 степени во Лос Анџелес на Светското клупско првенство, па токму таквите сцени ФИФА сака да ги спречи на мундијалот.
Бидејќи во групната фаза ќе има четири мечеви дневно, се очекува првите дуели да стартуваат во 21 часот по европско време.
Организаторите признаваат дека распоредот е голем предизвик, а конечната одлука ќе ја донесе ФИФА по ждрепката.