Следи нова борба за власт во Барселона, закажани претседателски избори

by 24 фудбал
1 минути читање

Одборот на директори на Барселона одлучи претседателските избори во клубот да се одржат на 15 март. Гласањето ќе се реализира на стадионот Камп Ноу за време на викендот кога каталонскиот гигант ќе ја пречека Севиља во рамките на Ла Лига, со цел да се обезбеди поголема излезност.

Во моментов има четири најавени кандидати. Актуелниот претседател Жоан Лапорта ќе се обиде да добие нов мандат, а во трката повторно е и Виктор Фонт. Кандидатури најавија и Чави Виљахоана и Марк Сирија.

Лапорта ќе мора да поднесе оставка на 21 февруари за официјално да ја започне кампањата, а функцијата привремен претседател ќе ја преземе Рафа Жусте. Дури и во случај на победа, Лапорта нема веднаш да го започне новиот мандат, туку тоа ќе се случи на лето.

Моменталната спортска ситуација оди во прилог на актуелното раководство, бидејќи Барселона веќе освои еден трофеј и останува во игра на сите фронтови во Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот на Кралот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×