Славните личности ќе можат да здивнат, во пензија оди Арон Ремзи

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Арон Ремзи реши да стави крај на кариерата како фудбалер и да се пушти во тренерските води.

Славните личности ќе можат да здивнат, во пензија оди Арон Ремзи, кој кога ќе постигнеше гол, умираше славна личност.

Проклетството на Велшанецот започна во 2009 и му „се препишуваат“ околу дваесетина „однесени“ славни личности.

„Ова беше една од најтешките одлуки во мојот живот. По долго размислување, решив да ставам крај на фудбалската кариера“ – објави Арон Ремзи.

Минатото лето, тој се пресели во Пумас во Мексико со намера да остане во добра форма и да може да му помогне на Велс во походот за настап на Светско првенство, но го раскина договорот по само неколку месеци и не успеа да најде нов клуб.

„Огромна чест ми беше да го носам националниот дрес и да доживеам толку многу незаборавни моменти. Сето тоа не би било можно без тренерите и луѓето од стручниот штаб кои ми помогнаа на секој чекор“.

 „До „црвениот ѕид“ – бевте со нас во секој момент, и добар и лош. Дел сте од секој наш успех и никогаш нема да можам доволно да ви се заблагодарам. Заедно поминавме низ се и чест ми беше што ве претставував. Ви благодарам“.

„Благодарност и до сите клубови за кои играв, што ми овозможија да го живеам сонот и да играм на највисоко ниво“.

„И најголема благодарност до моето семејство, мојата сопруга и децата. Без вашата поддршка, ништо од ова немаше да биде можно“.

ФОТО: X/Wales

Можно е и ова да ти се допаѓа

×